Достапен за симнување последниот број за годинава од магазинот „Скопје култ“

Културниот водич/магазин „Скопје Култ“ е достапен за симнување, информираат од Културно-информативниот центар. 

Се работи за петти и воедно последен број за 2022 година, а во него се споментаи културните настани кои ја одбележаа годинава што изинува.

-Овојпат со мала ретроспектива на настаните што ја обележаа културата во градов и земјава во 2022 година, и со малку најави за наредната година! Преку текстови и разговори и овој пат ги следиме културните случувања, теми и феномени и посетуваме на манифестациите и сите важни настани во градот Скопје периодов - велат од КИЦ.

Можете да го симнете на овој линк.