Досега се регистрирани 27.326 прекршоци за нeносење маска

Досега констатирани се вкупно 27.326 прекршоци за неносење лична заштита на лицето од почетокот на епидемијата, од кои 444 прекршоци биле направени во изминатото деноноќие, истакна министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев.

Во координација со Државниот пазарен инспекторат, во текот на изминатото деноноќие биле извршени 99 контроли во објекти, при што не се евидентирани објекти што не ги почитувале одлуките на Владата.

На територијата на целата држава на вкупно 197 лице им се издадени решенија за изолација, а 4 лица потпишале изјави за самоизолација. Извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што се евидентирани 2 лица што не ги почитувале овие мерки.

Министерот Чулев апелира до сите граѓани да ги почитуваат мерките за заштита од коронавирусот и сите заеднички да придонесеме што побргу животот да биде вратен во нормала.