Во „Dopamin massage center – Решение за вашиот грб“, конечно пристигна современ третман кој им носи надеж на сите што се соочуваат со хронична болка. Shockwave терапијата — неинвазивна и ефикасна метода — сега е достапна и кај нас, и веќе покажува одлични резултати.

Оваа терапија користи звучни бранови со висока енергија за да го стимулира телото да се самоизлечи, со зголемување на циркулацијата, разградување на калцификати и обновување на оштетени ткива. Се применува успешно кај калцификати на рамениот зглоб, плантарен фасциитис (пета шпура), тениски лакот, болки во колено и Ахилова тетива, како и хронични болки во мускули и зглобови.
Резултатите се видливи веќе по неколку третмани. Пациентите пријавуваат значително намалување на болката и подобрување на подвижноста – без операција, без лекови и без долги периоди на рехабилитација.

Shockwave терапијата (ударно-бранова терапија) претставува метод која првично се користела во урологијата за раздробување на камења во бубрезите, но со тек на време била приспособена за ортопедски и физикален третман. Таа предизвикува микроскопски воспалителен процес кој го поттикнува природниот процес на обновување во телото, ја стимулира формацијата на нови крвни садови и ја намалува болката преку дезензитизација на нервните завршетоци.
Во центарот „Dopamin massage center“, третманите ги изведува дипломираниот физиотерапевт Томислав Трајковски, кој повеќе од 10 години работи на оваа проблематика во Македонија и регионот.
Во разговор со Трајковски, тој открива дека станува збор за метода која за кратко време го враќа телото во нормала, а болките брзо исчезнуваат.
За повеќе информации посетете ја нивната Facebook страница или Instagram профил.