„Донор е пациентка која имала мозочна смрт, а чие семејство вчера се согласило да ги донира органите“, објави министерот Сали на фејсбук

На Клиниката за дигестивна хирурија, денес беше направена првата трансплантација на црн дроб од починат донор- прва во историјата на македонскотo здравство, соопштија од  Министерството за здравство.

Шеесет годишен пациент со хронична болест на црниот дроб доби здрав орган од пациентка во мозочна смрт чие семејство вчера се согласи да ги донира органите, посочуваат од Министерството.

Донор е пациентка која имала мозочна смрт, а чие семејство вчера се согласило да ги донира органите. Покрај црниот дроб, се прави трансплантација и на бубрезите

„Би сакал од мое лично име и од името на целиот персонал вклучен во трансплантациите да се заблагодарам на семејството на донорот и на нивната одлука да спасат не еден туку три животи. Ни покажаа уште еднаш дека живот може да се подари. Благодарност и до сите медицински тимови вклучени во трансплантацијата кои изминативе 24 часа работеа и продолжуваат да работат со пациентите. Особена благодарност до професор Зоран Караџов и неговиот тим, како и тимот на Клиниката за Гастроентерохепатологија, кои денес испишаа нов лист не само во делот на дигестивната хирургија туку и во целокупното здравство“, се заблагодари Сали.

Покрај црниот дроб, се прави трансплантација и на бубрези кај двајца пациенти со бубрежна болест.