Домот е онаму каде што се чувствувате добро

Индијанците биле народ кој живеел во целосна хармонија со природата и затоа им биле толку чудни на Европејците. Колку биле тие понапредни и подобри од остатокот на светот, се гледа и по нивните мудрости. Нивните мудрости истовремено се и едноставни и длабоки:

  • Добра личност гледа добри знаци.

  • На секоја личност ѝ се потребни тивки денови за се слушне.

  • Оној кој молчи, знае двапати повеќе од оној кој говори.

  • „Неопходно е“ – само да се умре. 

  • Домот е онаму каде што се чувствувате добро.

  • Во секоја личност се борат добар и зол волк. Волкот кој го храните, секогаш победува.

  • Сè на светот има своја песна.

  • Детето е гостин во вашата куќа: нахранете го, научете го и пуштете го.

  • Знаењето е скриено во секоја работа. Некогаш целиот свет бил библиотека.

  • Кога ќе се исече последното дрво, кога ќе се отруе последната река, кога ќе се улови последната птица - дури тогаш ќе разберете дека парите не можат да се изедат!

  • Сакај ја својата земја. Не ја наследувате од родителите, туку сте ја зајмиле од вашите деца.