Традицијата вели дека бадниковото лепче треба да биде подготвено дома, но веројатно праксата е поинаква – утрово забележавме редица пред фурната „Силбо“.
Еден од најубавите и најсимболични обичаи на Бадник е подготовката на бадниковото лепче, во кое се става паричка. Лепчето е симбол на заедништвото, благословот и Божјата промисла. Се верува дека оној кој ќе ја пронајде паричката во својот дел од лебчето ќе има среќа, здравје и благосостојба во текот на целата година.
Бадниковото лебче обично се меси од страна на најстарата жена во семејството, со многу љубов и внимание. При подготовката се кажуваат молитви и се внимава на секој детаљ. Лебчето се украсува со различни симболи изработени од тесто, како крстови, сонца и гроздови, кои ја симболизираат плодноста, здравјето и благосостојбата.
Потребни состојки за лепче:
Од овие состојби се замесува меко тесто и се остава 30 минути да стасува. Потоа пак се размесува и се дели на 7 дела (зависи од колку членови брои семејството). Се прават топчиња и во едното топче се става парето кое е завиткано во фолија. Стасува уште 15мин. и се печи на 180С-30мин. При печењето се фрлаат во рерната 3 коцки мраз да се прави пареа, а може и да се стави чинија со малку вода на дното. Кога е печено лепчето се покрива со платнена крпа и се остава да олади.