Домашно гвакамоле, идеално за вашите домашни сендвичи

Гвакамолето е типична кремаста салата, која личи на намаз, а потекнува од мексиканската кујна. 

Потребно е да користите автентични состојки, но можете и да ги замените со нивни алтернативи. Сепак, неизоставно е авокадото и за тоа нема компромис. 

Состојки:

Две авокада
Сок од лимета
Сол
Исецкан мал црвен кромид
Коријандер (или магдонос)
Бибер
Чили во прав (или сецкано чили пиперче)
Помал домат исецкан ка коцки

Подготовка:

Користете го само месестиот дел од доматот. Ако не сакате луто, може да ставите малку сецкана блага црвена пиперка. 

Авокадото испасирајте го со вилушка, за да останат крупни парчиња. Ставете зачини и сок од лимета и измешајте. На крај ставете го зеленчукот и добро соединете ги состојките, а врз готовиот сос наросете ситно исецкан коријандер. 

Секако, највкусно е кога се јаде со тако чипс, но ви препорачуваме да го користите и во вашите сендвичи со сирење и зеленчук, за да ги збогатите со здрави масти.