Домашно едноставно тирамису во чаша

Ако сакате брз и вкусен десерт без многу состојки, ова домашно тирамису е вистинскиот избор.

Photo by Julie MARTINS on Unsplash

Се подготвува лесно, не се пече и има совршен баланс помеѓу кремастиот фил и аромата на кафе. Идеално е за семејни собири, гости или моменти кога едноставно ви се јаде нешто благо.

Потребни состојки

  • 400 г кисела павлака

  • 3 лажици шеќер во прав

  • 1 кесичка ванилин шеќер

  • 150 мл изладено кафе

  • 12-15 пишкоти

  • какао или мелени бисквити за декорација

Подготовка

Во сад измешајте ја киселата павлака со шеќерот во прав и ванилиниот шеќер додека не добиете мазен и кремаст фил.

Пишкотите кратко потопувајте ги во изладеното кафе. Не ги држете предолго за да не омекнат премногу.

Во чаши или мали садови ставете ред натопени пишкоти, па слој од кремот. Повторете ја постапката уште еднаш додека ги наполните чашите. Одозгора наросете какао или ситно мелени бисквити за дополнителен вкус и декоративен изглед. Оставете го десертот во фрижидер најмалку два часа пред сервирање.

Совет

За уште подобар вкус, подгответе го тирамисуто од вечер  и оставете го во фрижидер преку ноќ. Така пишкотите ќе ја впијат аромата на кафето, а кремот ќе стане уште понежен и повкусен.