Домашни кубети

Состојки:

40 гр. квасец

1 кг. брашно

1 лажица сол

1 чаша масло (чаша од јогурт)

1 пакетче ким

100 гр. сусам

250 мл. млеко (по потреба)

Упатство:

Во брашното се прави вдлабнатина во која се става квасецот со прстофат шеќер и дел од млекото затоплено да надојди. Потоа се додаваат и другите состојки, од кои млекото замлачено на крај.

Се меси средно тврдо тесто кое го развлекуваме на намастена работна површина во вид на правоаголник или коцка со дебелина од 1 сантим. Со нож хоризонтално и вертикално се сечи на растојание од исто така 1 см.

Одозгора со четкичка ги премачкуваме со масло и ги редиме на подмачкан плех.Се печат на 180 степени и на секои 5 мин се отвора рерната и се протресуваат. Готови се кога од сите страни малку ќе фатат боја.