Домашни Фереро Рошер бомбици- готови за половина час!

Најдобрите колачи најчесто се подготвуваат брзо и лесно, но без компромис со вкусот.

Состојки:

100 гр лешник наполитанки

150 гр лешници

150 гр чоколадо за готвење

200 гр нутела

малку масло за јадење

Подготовка:

Здробете ги наполитанките, додадете ги сецканите лешници и нутелата и убаво сеодинете ја смесата и обликувајте точиња со големина на орев. Топчињата оставете ги во ладилник да се оладат.

Стопете го чоколадото со маслото на тивок оган, или на пареа. Топчињата прелијте ги со чоколадото. На крај врз секоја бомбица можете да наросите малку мелени лешници.