Домашна маска која ќе ја освежи вашата коса и ќе и го врати сјајот

Од чистење на шминката до нега на косата, кокосовото масло е одлично за негата. Тоа е одлична алтернатива за многу скапи производи, особено за косата. 

Тоа е особено корисно и кога ќе се измеша со други масла, особено за третирање специфични проблеми поврзани со косата. 

Ако вашата коса го има изгубено својот сјај во текот на овие денови додека сте дома, можете да направите едноставна маска.

Измешајте 2 лажици кокосово масло и 1 лажица јаболков оцет а потоа нанесете ја смесата на влажна или сува коса. Во оваа комбинација можете да додадете и мед кој ќе ја зачува влажноста на косата. 

Оставете ја на вашата коса околу 15 до 20 минути, измијте а потоа продолжете со својата редовна рутина за миење на косата.