Гранолата е одлична за појадок, а домашно подготвената гранола е најздравата опција.
За да ги избегнете скриените шеќери и високите цени, а и да изберете вкус кој највеќе ви одговара, препорачуваме дома да ја подготвите самите.
Потребни состојки:
4 шолји овесни снегулки
1 шолја мелени јаткасти плодови, по желба
1 мала лажица цимет
1 шолја сецкано суво овошје (брусница, урма, кајсии,суво грозје), исто така по желба
1 шолја кокосово брашно
2 лажици стопено кокосово масло или путер
3 лажици мед или агаве сируп
Вклучете ја рерната на 150 степени. Обложете ја тавата за печење со хартија. Во меѓувреме, во сад измешајте ги сите состојки за да се соединат и ставете ги на хартијата за печење. Израмнете ја смесата и ставете во рерна.
Печете околу 30 минути. Штом почне да добива златеста боја, тоа значи дека гранолата е готова.
Спакувајте ја во тегла, а потоа можете да ја јадете наутро со млеко или јогурт.