Домашна бајадера со парчиња Орео колачи

Бајадерата може да ја направите дома, со додатоци по ваша желба, кои ќе го збогатат нејзиниот вкус. 

Состојки:

200 гр мелени бисквити
100 гр мелени ореви
100 гр Орео
100 гр чоколадни трошки
Омекнат несолен путер
Сок од еден портокал
50 гр чоколадо за готвење

Подготовка:

Бисквитите и оревите измешајте ги, а Орео колачите искршете ги на поголеми парчиња. Ставете од путерот во смесата со бисквити и ореви, потоа и сокот од портокал и додавајте путер по потреба. Во оваа смеса ставете ги искршените Орео колачи и соединете ја. Во тава со хартија ставете ја смесата рамномерно.

Врз неа ставете растопено чоколадо за готвење и украсете со чоколадни трошки.