Домашен сок од нане: Освежителен и одличен за нашето здравје

Овој домашен сок ќе ви помогне да ја угасите жедта во текот на топлите денови, но ќе ви го подобри и здравјето.

Нането има одличен вкус, а во текот на летото може многу да ни помогне да се освежиме кога доаѓаат жештините.

Потребни состојки:

2 л. вода

200 гр. шеќер

10 ливчиња свежо нане

сок од 1 лимон

Начин на подготовка:

Сварете ги водата и шеќерот, па кога ќе се оладат додадете го нането. Оставете да отстои неколку часа, па потоа процедете и додајте го на крајот лимоновиот сок. Се пие оладен, кога ќе се чувствувате жедни.

Здравствени користи од овој сок:

  • Го јакне имунитетот и го спречува развојот на вируси бактерии

  • Ги опушта нервите и целиот организам

  • Гарантира добар сон, спречува ноќно потење

  • Помага кај проблеми со желудникот

  • Ги ублажува симптомите на алергии и настинки

  • Го елиминира лошиот здив

  • Ја подобрува циркулацијата

  • Обезбедува редовно празнење на цревата