Домашен колач со вкус на бело „тоблероне“

Тоблероне е омилено чоколадо на многумина, поради специфичниот вкус и карамелизираните лешници и бадеми, како и препознатливата триаголна форма. 

Инспирирани од тој вкус, направете го овој десерт:

Состојки:

125 гр маргарин
6 лажици шеќер
25 мл млеко
100 гр млеко во прав
Три лажици мелена плазма
50 гр сецкани лешници

Подготовка:

Стопете го маргаринот и шеќерот во млекото и оставете добро да се стопли, скоро до зовривање. Во оваа смеса ставете го млекото во пра и плазмата и изматете со миксер. Во изматената смеса ставете ги лешниците.

Ако имате триаголен калап, колачите ќе изгледаат уште поавтентично. 

Секогаш можете наместо лешници да ставите бадеми или ореви, но и да обоите со малку какао, за да добиете темен изглед.