Домашен еликсир за подобрување на крвната слика

Лошата крвна слика, односно појавата на анемија, може да повлече со себе голем број на здравствени проблеми.

Доколку и вие сте еден од оние кои честопати имаат ваков проблем, сигурно сте пробале да ја подобрите крвната слика на најразлични начини.

Секако голем дел од лекарите веднаш препорачуваат терапија со апчиња, но сепак постојат и други начини на кои можете да си помогнете себеси.

Промената на начинот на исхрана е еден од нив. Внесувањето на храна богата со витамини и минерали може да има значајна улога во вашето заздравување.

Следниот рецепт е одличен за сите оние кои се соочуваат со вакви проблеми.

Состојки:

  • 200 ml мед
  • 200 g ореви
  • 200 g суво грозје
  • 200 ml сок од морков
  • 200 ml сок од цвекло
  • 2 лимони

Начин на подготовка:

Преполовете ги двата лимони и исчистете ги од семки. Испасирајте ги во блендер заедно со кора или без (по желба).

Додајте го медот, цедениот сок од цвекло и морков и убаво измешајте.

На крајот додајте ситно исечкани или мелени ореви и суво грозје.

Ќе добиете околу 1 килограм смеса која можете да ја чувате во стаклена тегла. Јадете три пати на ден по една лажичка ред или по оброк.