Дома да не е топло за на кратки ракави - Битиќи порача да се штеди струја

Кризата со струја ќе се надмине само со свесност на сите чинители, порача вчера Фатмир Битиќи, вицепремиерот за економски прашања, во емисијата „Клик Плус“ на ТВ21.

Битиќи смета дека кризата ќе биде присутна и следната година.

-Кризата ќе трае до крај на годината, но јас тврдам дека ќе трае и на почетокот на 2023 година. Со поголема разумност на сите чинители и со конечно свесност на сите дека оваа криза не е одраз на еден или друг. Туку е одраз на севкупното општество, и дека против тоа треба да се бориме. Ако сме навикнале на 24 степени да ја држиме температурата дома да ни биде топло и да шетаме на кратки ракави, треба да се навикнеме на 22 степени. Секој степен е штедење, рече Битиќи.