Документарецот на Манчевски за Кочани вечерва ќе се емитува на ТВ Телма

Документарниот филм „Добри луѓе“ на познатиот македонски режисер Милчо Манчевски вечерва (четврток) ќе се емитува на ТВ Телма.

Документарецот е снимен со преживеаните млади луѓе од пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, како и со родители на загинатите, еден месец по пожарот на 16. март во кој загинаа 63 лица. 

Светската премиера на „Добри луѓе“ беше на 16. август на 32. Сараевски филмски фестивал, а македонската премиера на 23. август на Фестивалот на креативен документарен филм МакеДокс во Скопје во Куршумли ан. 

Филмот е финансиран лично од Манчевски, без учество на Агенцијата за филм или државата, а сите приходи одат за Кочани. 

Гледач го опиша филмот како „Прекрасен, радикален, полн со човечност, речиси трансцендентен во својата суштинска едноставност“. 

Филмот на ТВ Телма се прикажува со почеток во 22.15 часот.