Докторот Лазаров алармира за измама со наводно болно бебе: „МВР апсете ова ве молам!“

Докторот Ненад Лазаров предупреди на можна интернет-измама поврзана со објава за донации за наводно болно бебе, оценувајќи дека станува збор за класичен пример на злоупотреба на емотивна содржина за финансиска корист.

Во објава на Фејсбук, тој посочи дека не може да поверува оти некој би бил „толку алчен“ јавно да објави лична банкарска сметка, алудирајќи дека фотографиите и повикот за донации најверојатно се преземени од интернет без дозвола.

„Ова е класична измама само не ми се верува дека некој е до волку алчен личната банкарска сметка јавно да ја стави“, пишува докторот.

Во објавата што кружи на социјалните мрежи се наведува дека бебето било оперирано и дека му се потребни скапи лекови, при што се повикуваат граѓаните да донираат средства.

Докторот Лазаров, посочи дека од повеќе бебиња биле крадени слики од интернет и ги повика МВР да реагираат.

„Од повеќе бебиња слики се крадени од нет, МВР апсете ова ве молам!“, апелираше Лазаров.