Доктори, спортисти, глумци и по некој политичар, голем број познати имиња во трка за советници

Доктори, политичари, професори, глумци правници и економисти и по некој политичар од кариера. Вака изгледаат предлог советничките листи кои политичките партии ги доставиле до Државната изборна комисија. На нив може да се сретнат буквално сите професии, а според структурата на предложените кадри се очекува на советничките места во општините да седнат луѓе кои се искусни во многу други професии, а многу помалку во политика или пак урбанизам.  

За градот Скопје според информациите на државната изборна комисија во моментов има поднесено 14 кандидатски листи за советници.  Предлог листата поднесена од ВМРО ДПМНЕ е предводена од професорот на Економскиот факултет Трајко Славевски, додека втор на листата е поранешниот фудбалер Владимир Нелоски, трета на листата е стоматолог Марија Андоновска, а помеѓу првите шест на листата е и познатата докторка Жаклина Шопова.  

Листата предложена од владејчката партија СДСМ е предводена од актуелната докторка Универзитетската клиниката за пластична и реконструктивна хирургија, Софија Пејкова. Втор на листата е актуелниот организациски секретар на партијата, Мартин Попов.  Помеѓу кандидатите за советници се неколку имиња на актуелни членови на советот на град Скопје.

Интересна новина е листата на Коалицијата движење одлучно за промени, составено од политичките партии ДОМ и ЛДП на која доминираат докторски имиња.  На листата на предложени советници за град Скопје се наоѓаат имињата на професорот Никола Пановски, докторката Лилјана Лабачовска – Ѓатовска од Институтот за микробиологија, познатиот хирирг од приватната болница Ремедика -  Андреја Арсовски, но и познатиот фитнес тренер Мартин Видоевски.

Предлог листата на Алијанса за албанците ја предводи докторот Кадри Хаџихамза од Клиниката за психијатрија, додека таа ДУИ ја предводи актуелниот директор на паркови и зеленило, Ардијан Муча.

Докторските имиња се често застапени и на листите за советници во локалните општини, но тие се нешто поинакви. Владејачката листа на СДСМ во Центар е предводена од две познати спортски имиња: поранешната ракометарка Андријана Будимир, додека втора на листата е кошарката Едина Муса.  Во Карпош листата на ВМРО ДПМНЕ ја предводи познатиот актер Роберт Велјановски, додека онаа на СДСМ познатото спортско име Марин Докузовски, а на листата се наоѓа и директорот на Здравствениот дом во Скопје, Виктор Исјановски.

Листата на СДСМ за Аеродром ја предводи директорот на Ургентниот центар – Александар Трајановски, додека таа на ВМРО ДПМНЕ е предводена од правникот Дејан Митески.  Слична е ситуацијата и во Кисела Вода и таму листата на СДСМ е предводена од гинекологот Емилија Трајковска, додека на ВМРО ДПМНЕ од адвокатот Иван Живковски.

Доктор ја предводи и советничката листа на ВМРО ДПМНЕ во Ѓорче Петров. Таму носител на листа е познататата докторка Ленче Нелоска која до неодмна беше директорот на Герентолошкиот завод во Скопје. Листата на СДСМ е предводена од досегашниот член на советот Илија Спасовски. Слична состојба имаме и во Бутел. Таму ВМРО ДПМНЕ за носител на листата го предлага актуелниот доктор Игор Николов, додека носител на листата на советници на СДСМ е Оливер Ливриниќ.