Докажавме дека сме хуман народ со големо срце! Собрани 6 тони храна за социјално загрозените лица

Десетте градови низ Македонија кои се вклучија во акцијата „Нахрани 10.000“ ја надминаа планираната храна којашто сакаа да ја соберат, обезбедувајќи 6 тони храна наменета за социјално загрозени категории лица и семејства.

Илјадниците граѓани и десеттината компании кои се вклучија во акцијата донираа: ориз, грав, сол, шеќер, брашно, тестенини, масло за готвење, грашок, конзервирана риба, супа кокошкина, бисквити, кечап, леќа, конзервирано овошје и зеленчук.

При собирањето на храната помогнаа над 200 волонтери од дваесеттина организации, кои изминатиот период ја пакуваа храната во пакети и започнаа да ја делат храната на социјално загрозените граѓани од нивните општини.