Докажан германски квалитет веќе од 49 денари.

Години наназад на нашиот пазар дрогериите на dm се профилирани како место за целото семејство, каде може да најдете сѐ што ви е потребно за нега и убавина, нега и храна за бебиња, органска храна и додатоци во исхрана, сѐ за чист и дом и негувани алишта и уште многу други производи за сите ваши секојдневни потреби. Една од причините за тоа е сеопфатниот асортиман од преку 14.500 производи, од кои повеќе од 4.000 се сопствена dm марка – достапни единствено во дрогериите на dm.

На многумина од нас овие производи ни се веќе и повеќе од познати...Balea, alverde, Denkmit, dmBio, babylove…ова се само дел од сопствените брендови на dm кои нудат врвен, докажан и идентичен квалитет во сите 13 земји, кадешто dm е достапен на пазарот.

Дополнително, она што ги издвојува овие производи се и ниските цени. Па така, многу од dm марка производите се достапни по неверојатни цени веќе од 49 денари. Дел од нив можете да  разгледате тука.

Но, што е тоа што ги прави овие производи посебни?

Покрај неверојатно ниските цени, производите од асортиманот на сопствените dm марки се истакнуваат и по многу други специфичности:

  • Со своите сопствени марки alverde и dmBio, dm нуди најголем избор на природна козметика и органска храна на нашиот пазар.
  • Производите се произведуваат по најморедни стандарди и подлежат на строги контроли на квалитет од независни реномирани институти.
  • При производството се внимава на еколошката одржливост на производите, на нивните состојки и амбалажи, со што истите би биле што поповолни за животната средина.

Затоа, уживајте во пријатниот шопинг во дрогериите на dm и направете добро дело за целото семејство, вашиот паричник, како и за животната средина.