Дојавата за бомба во „Ист Гејт Мол“ е лажна

Вработените и купувачите утрово мораа да се евакуираат од „Ист Гејт Мол“ откако пристигна дојава за бомба, а по проверките на антитерористичките екипи е утврдено дека истата е лажна.

„Ист Гејт Мол“ преку своите профили на социјалните мрежи ги информира купувачите и вработените дека трговскиот центар продолжува со работа по проверките.

-Ист Гејт Мол ги информира закупците и потрошувачите дека се завршени безбедностните проверки од страна на надлежните институции при што е утврдено дека доставената закана за поставена бомба е неверодостојна. Трговскиот центар продолжува со редовниот режим на работа согласно утврденото работно време. Ист Гејт Мол се заблагодарува на надлежните институции за брзата и навремена реакција, информираат од трговскиот центар.