Договорите за брзите кеш кредити се еклатантен пример за легална пљачка, вели адвокатот Митровски

Договорите за брзите кеш кредити се еклатантен пример за легална пљачка која што ја дозволува државата, вели за Детектор адвокатот Јанаки Митровски.

-Овие договори се еклатантен пример за легална пљачка која што за жал се дозволува. Инаку и за банките кога ги споменувате, е добро да се знае дека Законот за облигациони односи ги штити примачите на кредит од наплаќање на пенали за предвремено враќање на кредитот, каде што банката не смее да наплаќа па дури и да стои така во договорот, сум видел некаде дека стои и 5% пенали да се плаќаат. Слободно сите граѓани нека си го уплатат износот кој го должат без пеналите за предвремена отплата, верувајте ми дека банките нема да тужат, бидејќи во Законот за облигациони односи со големи букви стои дека немаат право на тоа. Ќе ги платите само каматите кои се доспеани, ниту други камати треба да враќате, но во законот за финансиски друштва нема ваква одредба, објаснува Митровски.