Доделени признанијата за најубаво новогодишно украсени дворови и институции во општина Гази Баба.
- Искрено и од срце се заблагодарувам на секој жител на општина Гази Баба кои даде свој придонес со украсување на дворовите и балконите се со цел заедно да ја создаваме новогодишната магија насекаде низ општината. По објавен јавен повик и посета на домаќинствата, Комисија од општина Гази Баба изврши избор на најубаво украсени дворови и институции. Наградените семејства се:
1 место – Семејство Јовановиќ;
2 место – Семејство Петровски;
3 место – Семејство Костовски;
4 место – Семејство Стефковски, соопшти градоначалникот Бобан Стефковски.
Наградени институции во Гази Баба се: ООУ Крум Тошев и ЈУДГ Детска радост.
- Наградите и признанијата ги доделуваме со цел да ги мотивираме и останатите граѓани следната година да се натпреваруваат, додава Стефковски.