Додека двајца мажи го тепале, жена го ограбила - 68-годишен скопјанец ограбен во Центар

68-годишен скопјанец вчера пријавил насилен грабеж на подрачјето на Центар.

Како што се наведува во полицискиот билтен, вчера во 16:30 часот во СВР Скопје, А.П.(68) од Скопје пријавил дека околу 09:00 часот на подрачјето на Центар, две машки лица физички го нападнале, додека едно женско лице кое било со нив, му одзело пари од паричник.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.