Доцна во ноќта ограбена обложувалница во Скопје

На 25.10.2021 околу 00.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во спортска обложувалница на ул.„Вангел Тодоровски“ во Скопје две лица со закана од вработениот одзеле пари од дневниот промет.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.