Добрите луѓе не ти паѓаат веднаш во очи, но во најтешките моменти се тука покрај тебе

Добрите луѓе се како сонцето што ги растерува облаците и се пробива низ темнината. 

Кога целиот свет те исмева, тие со убав збор можат да те згреат и среде зима. 

Добрите луѓе не ги забележуваш толку лесно, не ти паѓаат веднаш во око, но во најтешките моменти се покрај тебе, ти помагаат и не ти судат. 

Добрите луѓе се наивни и грижливи, срцето полно со љубов им го победува разумот. 

Имаат лажни пријатели и често извлекуваат корист од нив, затоа што и болката и среќата ги чувствуваат поинтензивно од другите, ја прифаќаат несреќата, силно се борат против злото. 

Немојте постојано да се греете со нивната топлина, нивната добрина нека ви служи како пример.

Добрите луѓе се смеат од длабочината на своето срце и со нив и светот станува подобар.