Добрите луѓе не се глупави!

Не се залажувајте. Добрите луѓе не се глупави. Напротив!

Често имаат висок коефициент на интелигенција, кој им овозможува да го гледаат светот онаков каков што е и тоа подоцна им дава сила и полет да продолжат да се обидуваат да го разубават и да помогнат на луѓето.

И тие сосема јасно забележуваат дека некој сака да ги злоупотреби, исмее, предаде и изневери. Тие не се слепи.

Но, тие знаат дека тоа е нивна задача. Да помагаат без да бараат услуги, да сакаат безусловно, да даваат кога и самите немаат, да решаваат туѓи проблеми, да се најдат секому.

Дури и кога ќе ги злоупотребат и измамат, ништо не може да ја убие нивната добрина. Никогаш не може да се убие тој порив во нив.

Зошто? Затоа што секој го нуди само она што го носи во себе. А овие добродушници носат само љубов и разбирање, сочувство и убавината во срцето и душата. Оној кој е полн со вакви вредности, треба да знае дека Бог, животот, Универзумот секогаш се погрижуваат да ги добие истите овие работи од другите, кога – тогаш.

Тие од луѓето никогаш нема да го добијат она што го заслужиле, но животот нема да им остане должен. Тие ќе добијат добрина која ќе ги спаси токму кога тоа им е потребно, ќе добијат разбирање кога најмногу ќе го посакуваат и ќе се извлечат од лоши ситуации, баш тогаш кога ќе мислат дека нема да можат да ги надминат.

Светот е полн со добри луѓе, но тие се кријат, плашејќи се од недокажани и диви луѓе кои како да владеат со светот. Тие прекрасни луѓе се кријат, плашејќи се од нелуѓето и забораваат на огромната животна вистина дека Бог ги сака оние со добро, искрено и чесно срце.

Разбудете ја добрината во себе. Обидете се. Набљудувајте што ќе се случи.

Очекувајте да бидете предадени и измамени и тоа токму од луѓето на кои сте помогнале, како и од оние од кои никогаш не би го очекувале тоа. Но, очекувајте и чуда! Затоа што без оглед на тоа колку може некој нечовек да ве повреди, Бог може 100 пати повеќе да ве награди.

Не дозволувајте животот да ви пројде во глувчешка дупка. Бидете храбри, затоа што среќата ги следи добрите и храбрите луѓе, а Бог највеќе ги сака таквите луѓе.