Доаѓа сезоната за организирање свадби: Дваесет просечни плати се трошат за една ноќ

Во екот на најбараната (пролетна) сезона на свадби, дека во зима не се прави свадба, накратко да ги резимираме клучните работи поврзани со свечената церемонија.Ресторан, свирачи, свадбена облека за невестата и за младоженецот, дарови за кумовите и сватовите, свадбено патување и додека да трепнеш си ја потрошил и целата своја заштеда.

- Правевме свадба во еден од поновите ресторани во Скопје. Менито што го беше 18 евра од порција, што вклучуваше јадење и сортни вина, малку поскапи од најевтините. Имавме 190 гости, така што вкупниот трошок за ова беше околу 3.400 евра - објаснува Бети.

Цените на менијата со години се речиси исти – се движат од 12 па до 50 евра во зависност од порциите, од пијалаците, но и од угледот и локацијата на самиот ресторан.

Музиката е клучен фактор без кој ниту една веселба не може да помине.Во главниот град можат да се најдат бендови од 400-800 евра, А ако како главен забавувач дојде популарен пејач тогаш цената достигнува од 1500 до 2000 евра. Дополнително се плаќа за барем половина час забава со трубачи и плех музика.

Оваа двојка платила 750 евра за музиката.

- За фотограф и камерман плативме 500 евра..Венчаницата ме чинеше 400 евра, за шминката, ноктите и фризурата платив околу 5000 денари, чевлите исто така ги платив 50 евра, вели Бети.

Нејзиниот сопруг исто така потрошил 500 евра за костум и чевли.

Да не ја заборавиме и црквата која има тарифник за услугите. Цените се движат од 50 до 100 евра, плус дополнителни трошоци. Така на пример, ако младите одлучат да ги венча еден поп ќе платат 4.000 денари или три попа 5.500 денари.И услугите на матичарот имаат различна цена. Ако сакате да дојде на локација по ваша желба во работен тоа ќе ве чини 50 евра, за викенд двојно повеќе. Во општинските простории цените се неколку пати пониски.

Според податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС) секоја година се склучуваат по 14 илјади бракови. Пресметките покажуваат дека една обична и скромна свадба со 200 гости чини најмалку четири илјади евра. Сепак има и луѓе кои не слават, но и такви кои трошат и десетици илјади евра. Така се доаѓа до просечната вредност од 50 милиони евра годишно.