Сезоната на Стрелците ни помага да ги оствариме своите соништа и желби, дури и тогаш кога тоа ни делува невозможно.
Сонцето влегува во Стрелец, управуван од Јупитер, кој е познат како планета на среќата. Тоа ни носи можност да најдеме среќа, да ги прошириме своите перспективи и да го препознаеме својот внатрешен оган, кој ни носи цел во животот.
Сезоната на Стрелците започнува на 22 ноември и трае до 21 декември. Промената од сезоната на Шкорпиите нè носи од период на трансформација, кон сезона на авантура и експанзија. Емоциите се менуваат, а се менува и нашиот фокус.
Што ги очекува хороскопските знаци?
Овен
За родените во овој знак се буди внатрешниот оган. Тоа значи дека ве очекува месец исполнет со страст. Сезоната на Стрелците ви носи поддршка да ја остварите својата долгорочна визија, а ова е и покана за вас да нурнете во своите желби, соништа и визии. Погледнете ја и поголемата слика. Верувајте и во невозможното и потрудете се со понудените нови перспективи, да го остварите она што го заслужувате.
Бик
За Биковите, ова е период во кој се движат кон непознатото. Сезоната на Стрелците ве повикува да најдете значење во скриените нешта, она што не е искажано или пак она што е пред вашите очи, а досега не сте успеале да го забележите. Освен тоа, овој период ве повикува да рефлектирате во однос на интимноста и своите љубовни односи и како тоа делува на вашето тело и емоции. Овој месец за вас значи и внатрешно истражување, патување кон нови места и истражвување на различни насоки.
Близнаци
Стрелецот е ваш опозициски знак, драги Близнаци. Овој период за вас носи нова перспектива кон животот. Работите ќе почнат да ви изгледаат поинаку и ќе бидете потсетени дека реалноста не е секогаш онаква каква што ја замислуваме. Оваа сезона ве поттикнува да ги проширите своите перспективи, да ги видите работите од туѓите очи и да дозволите тоа да влијае на вашето живеење.
Рак
Што ја разгорува надежта во вас? Што ви дозволува да бидете подготвени и отворени да сонувате нови реалности за себе? Како можете да се поддржите себеси за да се чувствувате доволно безбедно за да верувате повторно?
Сезоната на Стрелците ви носи одговор на овие прашања, а ви носи и промена во вашето секојдневно однесување. Успевате да погледнете назад, но и напред пред себе и да ја видите големата слика. Тоа ќе ви помогне да преземете нови свесни чекори и да се насочите кон подобрување на своето секојдневие, но и најважно – вашата благосостојба.
Лав
Оваа сезона ве поканува да се чувствувате добро во сопствената кожа, Лав. Создавајте, танцувајте, создавајте. Допрете до својот внатрешен оган и најдете ја страста која ќе ви помогне да создавате, без оглед на тоа која е вашата цел и кои се вашите таленти. Тоа ви носи виталност, обновена енергија, но и самодоверба која ве носи напред кон нови победи.
Девица
За некои луѓе, среќата доаѓа од излегувањето од пријатната зона, а за други пак, преку навраќањето на она што го нарекуваме дом. За вас, тоа е она второто. Ќе успеете да се се посветите на домот, на вашиот внатрешен свет и луѓето кои заслужуваат место во вашиот живот. Ќе го уредувате домот, ќе менувате, ќе готвите, ќе уживате во топлината. Ова ќе ви донесе одлично чувство на припадност и сигурност.
Вага
Се е до умот оваа сезона. Имате покана да го отворите умот, да си играте, да го храните и да го проширите. Сезоната на Стрелците ве поттикнува да бидете љубопитни и да најдете потенцијал да го смените погледот кон светот.
Ќе уживате во нови книги, учење, интелектуални разговори. Сето тоа ќе ви биде голема инспирација, но и радост во животот.
Шкорпија
Чувството на слобода е најважно за вас, овој период. Ќе бидете поттикнати да размислите што ви носи слобода? Кои искуства ви се потребни за да се чувствувате слободно, сигурно и инспирирано? Така успевате да ги споите умот и телото и да се чувствувате среќни и исполнето.
Обрнете внимание на она што ви е потребно во вашиот живот и обидете се да го визуелизирате или замислите тоа. Одговорите ќе дојдат лесно на тој начин, а вие ќе знаете точно што ви е потребно.
Стрелец
Ова е ваша сезона. Сонцето минува низ првата куќа на вашата личност, што значи дека за почеток ќе биде освежени од сончевите зраци. Активирајте се и замислете желба. Вашата сезона ви носи можност да ги исполните своите цели.
За вас доаѓа чувство на слобода, чекор напред и многу самодоверба. Бидете свои и блеснете во сиот свој сјај.
Јарец
Оваа сезона ви носи чувство на мудрост, а таа доаѓа преку вашите искуства. Како земјен знак, вие сте практични кога станува збор за вашата енергија. Ова е и покана за да откриете што носи духовноста за вас, но и да нурнете во учењето за нови земји и култури.
Водолија
Овој период ве поканува да погледнете во себе, но и да откриете нови нешта кои ги менуваат вашите вредности, вашите начини на верување и вашето припаѓање во одредени групи. Тоа е најважното нешто за вас, за време на владеењето на Стрелецот
Риби
Оваа сезона ве инспирира да пливате во оние води кои ве поттикнуваат да бидете активни. Каква трага оставате на светот? Дојдете до овие одговори преку истражување и авантури. Бидете водени од својата интуиција и препуштете се на искуствата кои доаѓаат. На тој начин, вашите желби ќе станат реалност.