Доаѓа прекрасна недела за три хороскопски знаци

Оваа недела ни носи мали предизвици, особено на полето на комуникација.

Со опозцијата на Меркур со Марс, ќе имате потенцијал да ги користите зборовите како оружје, па затоа бидете внимателни. Со опозицијата на Венера со Марс, ќе имате потреба да се поврзете со другите и да остварите подобри односи.

Оваа недела ќе биде прекрасна за три знаци. 

Лав

Ова е недела во која главниот фокус ќе биде насочен на подобрување на комуникацијата и надминување на евентуалните конфликти со вашите блиски. Потрудете се да бидете отворени кон нови идеи и не го исклучувајте она што другите имаат да го кажат. Ако некој се труди да ви се приближи, дајте му шанса.

Стрелец

Ова е ваша сезона и можност да дојдете до промените кои ги посакувате, бидејќи ја имате поддршката од универзумот. Вие сте некој кој често сака да го пренесе своето знаење на другите, но уште поважно е оваа недела да се посветите на себеси. Дури и да имате различни размислувања со другите оваа недела, дозволете им да ги споделат и видете ги работите од туѓа перспектива. Би можеле да се изненадите.

Водолија

Вашиот социјален живот е прилично богат оваа недела и ви носи нови познанства, но важно е да внимавате на своите зборови. Другите ќе уживаат во вашето друштво и ќе посакаат да добијат совет од вас, само важно е да бидете нежни и емпатични. Учете од другите оваа недела, тоа е поважно од зборувањето.