Доаѓа прекрасна недела за три хороскопски знаци

Сезоната на Близнаците започна, а со ретроградниот Меркур во  истиот знак, оваа недела ни носи интересни случувања за сите знаци.

Сепак, таа носи ветување дека ќе биде прекрасна за три знаци.

Близнаци

Мај е прилично зафатен месец за вас бидејќи вашата сезона е во полн ек, а Сонцето престојува во вашата прва куќа на вашата личност. Но, како што Марс и Јупитер се здружуваат во вашата единаесетта куќа на пријателства и дружења, ќе имате потреба да бидете меѓу другите и да се радувате на малите нешта. Сепак, Меркур е ретрограден во вашиот знак, па бегајте од конфликти и недоразбирања.

Рак

Вашиот професионален живот доживува експанзија оваа недела, особено околу 29 мај кога Јупитер  и Марс ќе ги здружат силите во вашата десетта куќа. Изминатиот период беше бавен и тивок, но сега доаѓа време кога ќе ги соберете плодовите од својот напорен труд. Уживајте во овој период на награди и признанија.

Стрелец

Ова е недела за акција за спонтаните Стрелци. Само изберете поле каде би сакале да промените нешто и целосно ја имате поддршката на ѕвездите. Нема да чекате работите да дојдат до вас, туку полека ќе се изборите за она што ви е важно и ќе уживате во малите победи. Ова е и одличен период да започнете нов проект или нова работа.