Доаѓа прекрасна недела за три хороскопски знаци

Последната недела од јули, а ние навлегуваме во жешката сезона на моќниот и самоуверен Лав. 

Енергијата на Лавовите е силна за сите хороскопски знаци, но најсилно ќе ја почувствуваат три од нив. 

Лав -  ова е ваша сезона, најубавото време од годината

Се наоружувате со огромна самодоверба и храброст, но и брилијантни идеи, а оваа недела вие сте суперѕвезда во секоја смисла. Посветени сте на градење силни и стабилни односи со луѓето околу вас, а ако досега имавте многу додворувачи и тешко ви беше да донесете одлука, оваа седмица конечно ќе ја изберете вистинската личност за вас. Вашите односи се рефлексија на тоа што станувате. 

Девица -  се чувствувате самоуверено, енергично и вљубено

Минатата недела, луксузната и романтична Венера влезе во вашиот знак носејќи во одлична енергија, а оваа недела тоа ќе го направи и Марс. Ќе уживате во своето друштво, но и околу другите, со неверојатна самодоверба. Имате и храброст да се ослободите од потребата сите нешта да се совршени, па ваквата енергија е нешто што ви е потребно сега. Уживајте, препуштете се на тоа.

Водолија – универзумот ви носи неверојатни дарови

Во среда, ретроградниот Јупитер влегува во вашиот знак а до крајот на годината, оваа најсреќна и најоптимистична планета се движи во вашата прва куќа на себеси. Очекувајте поддршка од планетите, многу нови можности и спонтана среќа.