Доаѓа прекрасна недела за 3 хороскопски знаци

Сонцето навлегува во авантуристичкиот Стрелец, така што време е да почнеме да сонуваме и да планираме поубава година пред нас. 

Оваа недела носи прекрасна енергија за 3 хороскопски знаци.

Рак

Меркур минува низ петтата куќа на забава и задоволство, така што ќе бидете пооптимистични и полесно ќе стигнувате до успех. Ќе бидете креативни и исполнети со идеи и нема да се извинувате за тоа никому. Особено добар период ќе биде ако се занимавате со уметност. Ова е ваша недела, искористете ги сите потенцијали.

Шкорпија

Конечно можете да се изразите целосно и да му покажете на светот што е тоа што го сакате. Меркур престојува во вашата прва куќа на себеси, а тоа значи дека ќе блескате со самодоверба, што и да направите, каде и да се појавите. Дополнително, Меркур формира тригон со Нептун што ќе ви донесе и можност за духовност и емпатија, така што ќе успеете да се ослободите од своето его и да ги прифатите другите, но и да се поврзете со нив на подлабоко ниво.

Стрелец

Ова е ваш период. Сонцето престојува во вашиот знак, а тоа значи дека е време да се прослави вашето постоење. Космичката енергија ви носи поголема желба за авантура, но и оптимизам и убава енергија која ќе ве направи похраври. Освен славењето, добро би било да рефлектирате и колку далеку стигнавте оваа година.