На 22 октомври, Сонцето влегува во длабоката, лојална, страствена и таинствена Шкорпија. Тоа значи дека ќе се интензивираат нашите чувства и ќе се соочиме со некои непријатни емоции.
Но, ќе имаме и потреба за посилна поврзаност со другите. Едноставно, нема да ни одат површните разговори, бидејќи ќе сакаме да ги запознаеме другите на подлабоко ниво и да ја разбереме вистината.
Дополнително, тука е влијанието на ретроградниот Меркур кој прави хаос во комуникацијата.
Но, доаѓа одлична недела за 3 хороскопски знаци.
Рак – уживате во романсата и креативноста
Сонцето влегува во вашата петта куќа на забавата, романсата и креативноста така што ќе сакате да се изразите и да уживате. Освен тоа, ретроградниот Меркур престојува во вашата петта куќа што ќе ве потсети на страстите и хобијата кои ги имате подзаборавено. Ова е време кога треба да се фокусирате на уживањето и вашите најдлабоки потреби.
Девица – учите како да се сакате себеси
Ова е одлична недела за длабока љубов кон себеси, драги Девици. Без оглед на тоа дали се гледате во огледало и си кажувате колку вредите или пак излегувате на љубовен состанок полни со самодоверба, ова е одлична недела за да бидете среќни и да блескате со самодоверба. Не постои никој на овој свет како вас, прифатете ги своите силни страни и искористете ги.
Шкорпија – откривате кои сте навистина
Она што сте е различно од она што мислите дека сте или пак што сакате да бидете. Светот може да ви кажува многу, но вие ја носите својата вистина. Ова е недела кога ќе се посветите на себеси и ќе сфатите колку вредите. Не се плашете. Оваа година ве направи посилни, искористете го тоа.