Доаѓа прекрасна недела за 3 хороскопски знаци

Не е изненадување ако се чувствувате како да стагнирате или пак ако сте под стрес.

Ова е период на интензивни движења на планетите. Оваа недела е потсетник дека колку силно и да нè удри животот, сепак можеме да се вратиме назад. Сепак, доаѓа прекрасна недела за земјените знаци.

Бик – чувствувате радост која ви носи трансформација

Искористете ја својата креативна сила. Поврзете се со светот околу вас и луѓето кои ви значат, излезете од својата школка во која се криете. Без оглед на тоа низ што поминувате, креативноста ќе ви помогне да пребродите некои работи.

Девица – ги надминувате пречките

Размислувате длабоко за тоа што сакате да бидете. Имате потенцијал а оваа недела ви носи можност и да го искористите на начин кој најдобро ви одговара. Сега имате појасна идеја во однос на тоа каде сакате да се движите, а освен тоа ви доаѓа и инспирација и мотивација која ќе ве придвижи во вистинската насока. Доживувате вистинска трансформација.

Јарец – се менува вашата перспектива на подобро

На што се фокусиравте изминатиот период? Можеби се занимававте со нешто што ви носеше негативни чувства, или пак тврдоглаво се држевте до некои работи кои треба да ги надминете. Конечно се ослободувате од вашата перспектива и ги користите можностите кои ве окружуваат. Ако ги отворите очите кон убавината, замислете што сè можете да постигнете.