Доаѓа период на Шкорпиите кој носи големи промени за хороскопските знаци

Владеењето на Шкорпиите ни носи ризични промени, но и подобар љубовен живот за некои хороскопски знаци. 

Целата година донесе многу предизвици за хороскопските знаци, но овој период носи неверојатни предизвици. 

Прочитајте што ве очекува овој период.

31 октомври – Сина месечина

Космичката енергија на Сината месечина носи тензија, непријатност и тешкотии да донесеме нови одлуки.

1 и 11 ноември – ангелска низа на бројот 1

Овие датуми носат вистинска космичка магија. Оваа низа симболизира остварување на судбината и енергетска заштита. Замислете желба.

3 ноември – Меркур во директен од

Меркур почнува директен од од 3 ноември, по неговото ретроградно движење. Но, тоа не е крајот на неговото мрачно влијание, туку тој ќе продолжи да делува од сенка.

8 ноември – конјункција на Сонцето и астероидот Џуно

Ве очекува силна енергија на љубовта и среќавање на вашата сродна душа. Џуно го претставува партнерот каков што отсекогаш сте сакале да го имате. Ова е период на романтика, среќа и љубов и жртвување  за остварување на желбите на сопственото срце.

12 ноември – конјункција на Јупитер и Плутон

Ова е трета конјункција по ред на Јупитер и Плутон. Станува збор за моќна комбинација на енергии која носи остварување на професионалните и емоционални врски. Во овој период најголем успех ги очекува луѓето кои се занимаваат со продажба и економија.

13 ноември – Марс во директен од

Марс веќе не е ретрограден, а кога тој ќе го започне директното патување, тој ќе нè потсети на некои стари желби, уште од 2018 година. Можно е да завршиме некои задачи и да добиеме понуди за кои долго сме чекале од минатото.

14 ноември – супер млада Месечина во Шкорпија

Ќе пронајдеме нови и добри причини за убави работи во нашиот живот. Ова е почеток на еден лунарен циклус, време е минатото да го оставиме позади себе.