Од Управата за хидрометеоролошки работи велат дека во среда во среда ќе се задржи стабилно и сончево време со студенo утрo, а во четврток попладне претежно во западните подрачја ќе има повремен дожд.
„Под влијание на циклонска активност во петок и за време на викендот на повеќе места ќе има повремени врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни, проследени со грмежи и засилен ветер. Локално ќе има услови за појава на невреме“, се вели во соопштението.