До сите хумани граѓани: Крводарителна акција во Карпош

Во организација на Општина Карпош, општинскиот Црвениот Крст и Заводот за трансфузиологија на Македонија, денеска четврток 30.05.2019, во период од 10:00 до 17:00 ќе се оддржи голема крводарителна акција во спортската сала во ООУ "Лазо Трповски". Ги покануваме сите хумани граѓани на Општина Карпош и на Град Скопје, да дојдат и да ни се приклучат, затоа што една капка крв спасува живот. 

Општина Карпош е препознатлива по дарување на најголем број крвни единици од сите други општини во Македонија.