До мојата неродена ќерка: Остани дете колку можеш, не се брзај да пораснеш

Ја очекувам, го чекам денот кога ќе ја земам во прегратки и ќе и ја дадам сета своја љубов. Ќе се потрудам да ја научам на многу работи.

Остани дете колку можеш, не се брзај за пораснеш.

Излези, играј со врсниците. Минувај време во природа, вози велосипед, играј ги детските игри кои ќе те направат среќна. Создади другарства кои ќе траат цел живот.

Секогаш застанувај позади себе

Немој да бидеш некултурна, ама секогаш труди се да застанеш позади себе. Не се откажувај од своите вредности и верувања за никој друг. Не дозволувај им на твоите пријатели да ти кажат што да правиш, посебно ако тоа е нешто што не го сакаш.

Почитувај ги сите луѓе без оглед на нивната возраст, статус, образование и титула

Почитувај ги своите баба и дете, почитувај не мене и татко ти и твоите идни наставници. Биди мирна, културна и не влегувај во битки без потреба. Биди личност која ги цени луѓето, без оглед на нивната возраст и титула.

Сакај се себеси

Ако не се сакаш самата и не се почитуваш, никој нема да го направи тоа за себе. Прифати ги своите маани и работи на тоа да подобриш тоа што можеш, а да прифатиш тоа што не можеш. Не се опседнувај со физичката убавина, таа е минлива. Не гради идоли од познати ѕвезди и потруди се прво да бидеш убава одвнатре, но и надвор.

Плачи и смеј се

Плачи кога те боли, смеј се кога ти е убаво. Не собирај многу во себе, изрази ги чувствата. Кажи им и покажи им на луѓето како се чувстуваш. Изгради круг на луѓе кои ќе веруваат во тебе и на кои ќе можеш да се потпреш и кога си најтажна,но и најсреќна.