До мојата најдобра другарка: Не заборавај дека ти си една во милион

Се сеќавам на моментот кога станавме најдобри другарки. Тоа беше во осмо одделение. Не те ни познавав, но станавме многу блиски благодарејќи на заедничкото друштво. Да бидам искрена, не очекував дека ќе станеш личност која ќе ја сметам за најдобра другарка и сестра. Не очекував дека ти ќе бидеш таа на која ќе ѝ се јавувам во 2 наутро за да плачам за некој дечко или да те прашам за совет. 

Неколку години беа потребни за нашето пријателство да процвета, но вредеше.

До мојата најдобра другарка и сестра:

Сакам само да ти кажам колку сум благодарна што си во мојот живот. Не знам што би правела без тебе. Сакам да знаеш колку сум горда на тебе, на твоите успеси и резултати. Навивам за тебе, секој ден. Тоа никогаш немој да го заборавиш. Фала ти што секогаш си покрај мене, дури и кога со километри сме оддалечени една од друга. Фала ти за ноќните разговори и онлајн муабети во 3 наутро. Фала ти за секое развеселување кога бев тажна. Фала што правиш да се чувствувам дека сум вредна. Фала ти што ме извлекуваше од дома за викендите. Фала што не се откажа од мене. Фала што ти си едноставно ти.

Никогаш нема да заборавам дека сакаш пица, ниту фактот дека не можеш да живееш без кафе. Никогаш нема да ги заборавам моментите кога постојано плачев. Никогаш нема да ги заборавам и моментите кога се смеевме до солзи. Никогаш нема да ги заборавам моментите кои заедно ги доживеавме. 

Жал ми е што понекогаш сум себична. Жал ми е што менувам расположение. Жал ми е што некогаш кажувам нешто погрешно. Сакам да знаеш дека ќе направам сè што е во моја моќ за нашето пријателство да трае. Никогаш нема да ги заборавам нашите планови. Сакам да бидеш до мене кога ќе правам свадба, да држиш говор за мене и мојот иден сопруг. Сакам да бидеш присутна на родендените на моите деца. Сакам да дуваш свеќи на мојот 50-ти роденден. 

Ти си една во милион и многу ми е драго што го имам ова наше прекрасно пријателство. Горда сум на личноста која си денес. Фала ти за сè. Ти си моја најдобра пријателка, сестра, советничка, ангел чува. Сè во едно. 

Сè што можам да ти кажам е дека сум среќна што те имам во животот.