Секој родител сака се најдобро за своето дете. Работи, се мачи, гради само тоа да ги има сите нормални услови за живеење.

Секој родител сака неговото дете, еден ден да прерасне во вистински, прав и улгеден човек во општеството. Некои уште од најмали нозе ги учат своите деца дека училиштето е еден од поважните фактори, како ќе се издигаш во понатамошниот живот, дека треба да се учи, и сам да се бориш за се понатаму. Уште од најмали нозе родителите им врежуваат во глава на своите деца дека оценките се битни и дека треба да се учи секој ден.
Постојат и еден друг вид на родители, кои се, се поактуелни последниве години. Мама и тато се тука, нема зошто моето дете да се мачи. Тато е тука ќе ги плати оценките по математика и физика, а со дел од професорите и ќе можеме да излеземе на вечера во некој од поелитните ресторани во граднот. Петките се загарантирани, а потоа ќе биде загарантирана и дипломата од факултет, па работното место за некоја година. И така се раѓаат млади лекари, од кои се бара да ги лечат луѓето, професори кои мора да ги учат нашите деца, адвокати, економист...
Корупцијата е распространета во целиот образовен систем, но мал е бројот на официјално пријавените и решени случаи.
Масовно поправање оценки на крајот од учебната година во основното и во средното образование, дополнителни часови за кои се плаќаат професори што им предаваат на учениците, злоупотреба на пријателството со професори, продажба на учебници во високото образование се само дел од облиците на корупција во образованието.
„Купувањето“ оценки се врши со посредници, а наклоноста на професорите се добивала и со различни производи и противуслуги. Се истакнуваат случаи студенти да им купуваат на професори лекови, техничка стока и друго или противуслугата да подразбира организирање свадби за децата на професорите, летни одмори или најмување на професорите како надворешни консултанти во фирмата на родителите на студентите. Друг посочуван облик на корупција застапен во високото, но и во средното образование се дополнителните часови што студентите и учениците ги земаат надвор од редовната настава.