До 21 март отворен огласот на Град Скопје за приватните превозници

Град Скопје го распиша огласот со кој ќе ангажира приватни превозници за транспорт на патници во градот.

Огласот е за 16 линии, и тоа со број 9, 11, 11А, 12, 19, 20, 22, 23, 45, 47А, 52, 54, 55, 61, 63 и 73. Отворањето на поднесените понуди ќе биде на крајот од март. Огласот пак е активен до 21 март.

Критериумите за да бидат избрани се возниот парк, човечките ресурси, логистиката, искуството.

„Пакетите на линии утврдени во овој оглас се доделуваат за период до две години, со можност за продолжување, но не повеќе од вкупно пет години. Постапката за доделување на пакетите на линии и за давање дозволи за вршење линиски превоз на патници во градот Скопје ќе ја спроведе Комисија формирана од градоначалникот на Град Скопје. По завршување на постапката, градоначалникот донесува решение за секоја линија од доделениот пакет. Град Скопје и избраниот подносител на пријава склучуваат договор, кој е составен дел од документацијата за јавниот оглас“, стои во огласот.