ДНК, Суперхикс, Слаткаристика, Леб и сол...на „Аларм Фест“ во Охрид за Илинден

Од 31 јули до 02. август на стадионот Билјанини Извори во Охрид големиот национален празник Илинден ќе се прослави со повеќе од 100 македонски музички артисти.

„АЛАРМ фест“ е фестивал со цел да ги исполни желбите на сите возрасти и вкусови. За оваа година го направи следниот избор на артисти: 31.07 – Галоски, Слаткаристика, ЛД Пистолеро & Гоце Саф feat. Ронин, Donplaya & Bon Praskiza & Prince$$ Donatsu и Пајак! 01.08 – Ареа, Суперхикс, Бени и Нон Стоп, ДНК и Ris Flower! 02.08 фестивалот, празнично ќе биде затворен со настап на нашите легенди ЛЕБ и СОЛ!, соопштија организаторите, најавуваат организароите. 

Влезниците ќе бидат пуштени во продажба од утре преку продажната мрежа, како и онлајн на www.kupikartizase.com .