Дневни потсетници за поубав ден

Понекогаш, деновите ни се сиви уште од самиот почеток, од самото утринско станување. Некогаш пак, надворешни фактори придонесуваат да се чувствуваме нераспложено, тажно или заморено. Во такви моменти, важно е да се потсетиме на некои суштински нешта кои ќе ни овозможат подобро и поквалитетно живеење.

  1. Во ред е да не се чувствувате добро. Испијте топол пијалок и одете на спиење.
  2. Престанете да го очекувате најлошото.  Обидете се да најдете некаква позитива дури и во најлошото.
  3. Ако некој каже шега која не ви е смешна, не морате да се смеете. Не морате воопшто да реагирате.
  4. Ако некој каже нешто навредливо, кажете им дека тоа ви пречи.
  5. Вашата искреност нема да ги натера луѓето да ве сакаат помалку. Но, вашата грубост ќе ги одалечи од вас.
  6. Малку љубезност не штети никому.
  7. Не ја заборавајте ниту добрината и љубезноста упатени кон вас.
  8. Не ја прифаќајте грубоста и неодговорноста од другите. Тоа не е ваша приказна.
  9. Не одете на спиење лути. Тоа особено се однесува кон најблиските.
  10. Без оглед на тоа како се чувствувате денес, утре е друга приказна. Нов ден и нов почеток.