Дневен хороскоп за 23 јули

Биковите одмараат, Близнаците имаат симпатија, Лавовите глумат, а Јарците трошат.

Ова е хороскопот за 23 јули.

Овен

Работа – Се чувствувате преморено и не сакате дополнителни задолженија. Најважен ви е фокусот.  

Љубов –Не сакате да ја приметувате љубомората на партнерот и тоа засега ви е добра практика.

Здравје – Немате тегоби.  

Бик

Работа – Доколку сте невработени и интензивно барате некаква промена, не очајувајте. Овие денови се важни за да откриете што сакате и како да го постигнете тоа.

Љубов – Убаво се чувствувате. Морате повремено да одмарате и да се вратите на своите потреби.     

Здравје – Одмарајте повеќе.   

Близнаци

Работа – Кога се во прашање меѓучовечките односи, морате да сфатите дека не   можат сите луѓе да се однесуваат како вас. Не дозволувајте да помислуваат дека сте против нив, ако не е така.    

Љубов – На ова поле сте  исполнети. Оние кои не се во врска, ќе си најдат нова интересна личност.     

Здравје – Добро здравје.  

Рак

Работа – Ова поле ви носи големи промени периодов. Дел од нив можат да ви донесат тешкотии во финансиите, па затоа добро е од денес да почнете да штедите.

Љубов – Убаво е малку да се позанимавате со себеси и тоа што вие го сакате, а не другите.   

Здравје – Избегнувајте ги стресните ситуации.   

Лав

Работа – Сакате јавно да се покажувате и се чувствувате како главен актер на сцената. Луѓето ве сакаат, но ги има и оние кои не можат да ве поднесат.

Љубов – Доколку се појави личност на која често мислите, не заборавајте дека првиот впечаток  е најважен. Обрнете внимание на одредени детали овој пат.  

Здравје – Одлично.

Девица

Работа  - Пред вас е убав работен ден. Имате многу енергија, но и работа која треба да ја завршете. Ве очекува и поголем финансиски прилив.    

Љубов – Некоја личност од вашето окружување веќе подолго време ви се допаѓа. Преземете нешто.     

Здравје – Се чувствувате одлично.    

Вага

Работа – Не сакате да се занимавате со неважни работи. Ве нервира лошиот финансиски статус, но тоа ќе се поправи.  

Љубов – Имате јасен став, кога станува збор за партнерот. Ќе посакете нешто поконкретно, а не само зборови.   

Здравје – Проблеми со метаболизмот.   

Шкорпија

Работа – Фокусот кој го имавте до скоро веќе не ви носи резултати, бидејќи имате и силна конкуренција во областа во која работите.

Љубов – Денес ќе посакате да подзаборавите на партнерот и малку да бидете сами.     

Здравје – Покачен крвен притисок.    

Стрелец                 

Работа – Можеби моментално сте на висока позиција, но исто така и малку лошо котирате во очите на другите. Време е да смените нешто.     

Љубов – Ќе бидете цел ден во лошо расположение и затоа најдобро е да бидете сами денеска.    

Здравје – Внимавајте на имунитетот.

Јарец

Работа – Деновите што се пред вас бараат повеќе енергија од вообичаено. Подгответе се за тоа.     

Љубов  - Ако сте заљубени во еден Стрелец, тоа може да биде кармичка љубовна романса на подолг рок.     

Здравје – Вежбајте.  

Водолија

Работа – Заборавате на вашите најважни вештини, а не е лошо и да размислувате за промени кога станува збор за работата.     

Љубов – Забележувате дека вашиот емоционален живот е неисполнет, но потребно е да внесете промени.    

Здравје – Зголемен стрес.

Риби

Работа – Не размислувајте за одење во странство, тоа не е добра идеја. Ќе морате да ја обновите комуникацијата со личност која многу ви помогнала во работата.  

Љубов –Оние кои се сами не треба да очајуваат бидејќи ги очекуваат промени. Супер би било ако е тоа личност родена во знакот Рак.   

Здравје – Болки во коските.