ДКСК поднесе иницијатива за кривично гонење на Сања Лукаревска поради незаконско работење

Државната комисија за спречување на корупцијата поднесе иницијатива за кривично гонење на Сања Лукаревска, доскорашна директорка на Управата за јавни приходи. Од ДКСК посочуваат дека иницијативата е за кривичното дело „несовесно работење во службата“.

„Постапувајќи по предмет оформен по пријава со наводи за прекршување на законските одредби во изборен процес во Управата за јавни приходи, со донесување на решенија за распоредување на вработени и склучени нови договори за вработување за 978 вработени во Управата за јавни приходи“, наведуваат во пријавата од ДКСК.

Ваквата пријава следува откако сегашната директорка на УЈП Петрова ја обвини Лукаревска дека донела незаконски одлуки со кои создала хаос во институцијата при што вработените незаконски земале поголеми плати кои сега треба да ги враќаат назад.