Дивите продавачи распослани на тротоарите во градот

Нелегалните продавачи повторно ги узурпираат тротоарите, пешачките и велосипедските патеки, паркинзи. Зелка, праз, компири и друг зеленчук се продава без никаков проблем. 

Трговците кои имаат тезги во пазарот, велат дека нелојалната конкуренција им го зема ќарот. Кажуваат дека акции за нивно отстранување повремено има, но откако ќе бидат избркани, утредента трговците пак се враќаат на старото место.

Надлежните велат дека разбираат дека е борба за опстанок, но трговците тоа го прават на погрешен начин и тие директно лошо влијаат на безбедноста на сообраќајот. Нивните импровизирани тезги, камиони или пак комбиња најчето ги поставуваат на тротоари или велосипедски патеки, па ката пешаците или велосипедистите се принудени да се движат по улица, каде поминуваат автомобили. 

Граѓаните на Скопје, бараат надлежните редовно да спроведуваат акции за чистење на дивите продавачи, нагласувајќи дека не е фер некој да плаќа наем за тезга на пазар или за продавница, а друг да остварува чист профит продавајќи каде што сака.