Дивиот премин на Бит Пазар сè уште отворен: Го користи ли некој пешачкиот мост?

Пешачкиот мост на Бит-пазар не може да се користи. Ѓубре, измет, шприцови има на двете простапни страни, па луѓето се изложени на опасност и прометниот булевар „Крсте Петков Мисрков“ го минуваат на пешачкиот премин.

Дивиот премин кај Бит Пазар низ кој секојдневно минуваат граѓаните, сè уште не е затворен. Ветувањето од градоначалникот на општина Чаир дека овој проблем ќе се среди, сè уште не е исполнето.

Пешачкиот мост е изграден за пешаците, но тие не го користат. Тие се жалат дека поставениот лифт не функционира од кога е изграден.

„Јас не можам да одам преку мостот бидејќи не сум добар со здравјето, а да не зборуваме за повозрасните, тие не можат да одат преку мостот“, вели еден од пешаците.

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, неодамна изјави дека граѓаните не ги почитуваат сообраќајните знаци, но не вети затворање на овој див премин.

Во декември минатата година, токму на ова место, по ударот од градски автобус една возрасна жена, го загуби животот.